Два гола на Тричковски за пласман на АЕК во следната квалификациска рунда

Кипарски АЕК ги продолжува квалификациите во Лига Европа откако со 4:0 го победи ирски „Дандалк“, а македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна два гола.

Кипарските фудбалери денеска во Ларнака работата ја завршија во првото полувреме, откако во првиот меч одигра без голови во Ирска.

Тричковски ја најави и практично ја завери победата со головите во 11 и 38  минута. Прво мајсторски погоди од 16 метри пласираќи ја топката во мрежата, а потоа од непосредна близина погоди за убедливо водство.

Во вториот дел АЕК само рутински го одработи полувремеto за да го заврши мечот, а во финишот успеа да даде и четврти гол за убедлив триумф.

Во третото коло од квалификациите за Лига Европа АЕК ќе игра со австриски „Штурм“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.