Два македонски филма номинирани за Lux prize 2019

Двата македонски филма „Господ постои името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Митевска и „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се номинирани за LUX Prize 2019 награда за филм на Европскиот Парламент.

На 23-ти јули во Рим ќе се објави кои три филма ќе бидат дел од LUX PRIZE Competition. Трите селектирани филма ќе се преведат на 24 официјални јазици на Европската Унија и ќе се прикажат во 28 ЕУ земји за време на LUX Film Days. Креативна Европа МЕДИА е партнер на LUX Film Prize.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.