Два милиона фунти за топката од полуфиналето на мундијалот во 1986-та

Топката со којашто славниот Диего Марадона ги постигна можеби двата најпознати погодока во фудбалската историја во текот на полуфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Англија на Светското првенство во 1986 година во Мексико, продадена е во средата на аукција за два милиона фунти.

Марадона првиот погодок постигна со рака скршнувајќи ја топката и ја префрли истрчаниот англиски голман Питер Шилтон, а при вториот гол со слалом од средината на теренот кога мина пет англиски играчи, го заобиколи голманот Шилтон и ја испрати топката во мрежата.

Првиот гол новинарите го нарекоа „Божја рака“, алудирајќи на изјавата на Аргентинецот дека голот го постигнал „делумно со главата на Марадона и малку со помош на Божјата рака“, а другиот беше прогласен за „Погодокот на векот“.

Аргентина победи во тој натпревар победи со 2:1 и подоцна ја освоите титулата светски првак во финалето тогашната СР Германија до 3:2.

Топката досега беше во сопственост на Тунижанецот Али бин Насер кој беше главен судија на натпреварот Аргентина – Англија.

Пред аукцијата беше проценето дека топката би можела да ја постигне цена меѓу 2,5 и 3 милиони фунти. Дресот на Марадона од истиот натпревар, кој беше во сопственост на англискиот репрезентативец од тој период Стив Хоџис, постигна рекордна цена од 7,1 милиони фунти на аукцијата во мај, иако процените говореа дека ќе биде продаден за околу 4 милиони фунти.

Иако топката не ја постигна очекуваната цена, таа стана убедливо најуверливиот примерок на спортски сувенир кој е продаден на наддавање во организација на аукциската куќа Graham Budd, специјализиран токму за оваа област. Претходниот рекорд изнесуваше 420.000 фунти за олимпискиот факел од Олимписките игри во 1952 година во Хелсинки.

Марадона почина во ноември 2020 година, а тунискиот судија бин Насер изјави дека сега е вистинското време скапиот сувенир да го сподели со светот и изрази надежи дека купувачот на топката ќе ја изложи во јавен простор.