Двајца нови руски доларски милијардери

93

Основачите на руската технолошка компанија „Veeam Software “, Ратмир Тимашев и Андреј Баранот,се двајцата нови доларски милијардери во Русија, откако ќе ја завршат продажбата на компанијата на американскиот фонд Insight Partners, пренесува магазинот Forbes.

Износот на договорот за продажбата на руската ИТ компанија на американскиот фонд изнесува 5 милијарди долари. Трансакцијата се очекува да биде заклучена во првиот квартал од 2020 година. Тимашев и Баронов, според најавите, ќе го напуштат управниот одбор но ќе продолжат да ја советуваат новата, а „Veeam“ ќе биде американска компанија со седиште во САД.

Тимашев и Баронов од 2017 година се меѓу 200-те најбогати Русија, а во 2018 година богатството на секој посебно се проценуваше на 950 милиони долари. Во последниот рејтинг објавен пролетта, состојбата на нивната сопственост беше проценета на 700 милиони долари. По продажбата на компанијата, нивното богатство ќе порасне за по 500 милиони долари и секој ќе има по 1,2 милијарди долари, наведува Forbes.

„Veeam Software“ развива софтверски производи за резервно зачувување на податоци, нивно ажурирање, заштитеа, безбедност и облачно складирање. Компанијата има повеќе опд 365.000 клиенти во 160 земји и канцеларии во 30 од нив,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.