10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Два нови силни земјотреси го погодија Петриња, со интензитет од 4,7 и 4,8 степени

Централна Хрватска рано утрово беше погодена од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со интензитет од 4, 7 и 4,8 степени според Рихтеровата скала.

По вчерашниот земјотрес од 6,2 степни, што следуваше по земјотресот од понеделникот со 5,1, Петриње завиено во црно. Животот го загуби ја седум луѓе меѓу кои и 12 годишно девојче..

Болниците се преполни со повредени а има и голем број на луѓе кои останаа без кров над глава.

Епицентарот е близу Петриње каде и најмногу се почувствувал. Ова е најсилниот земјотрес во Хрватска последните 140 годиниод ..

Според истражувањето објавено во 1966 година од хрватскиот сеизмолог Драгутин Цвијановиќ, земјотреси со јачина од 6,2 степени се случиле на 2 јануари 1906 година во Кашина кај Загреб… Најсилниот земјотрес е регистриран на црногорското крајбрежје во 1979 година. Неговата јачина беше 7 степени според Рихтеровата скала, но епицентарот беше надвор од Хрватска, а делумно го погоди и Конавле во Хрватска.