Два нови смртни случаи од коронавирусот и 16 новозаболени

Двајца мажи на возраст од 31 и 91 година, двајцата од Скопје, починаа денеска од коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

31-годишниот скопјанец бил со тешка клиничка слика, во текот на вчерашниот ден бил интубиран и поставен на респираторна машина, но денеска починал.

Во изминативе 24 часа има 16 новозаболени пациенти, со тоа вкупната бројка е 257.

На Инфективната клиника во Скопје примени тројца ново заболени од Скопје и Куманово, на клиниката досега се хоспитализирани 49 , стабилна е состојбата на сите други пациенти во болниците во Македонија.

Двајца имаат втор негативен тест, за два до три дена по нивните втори тестови уште седум пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.