Два последователни земјотреси ја стресоа Грција

Земјотрес со јачина од 4.6 според Рихтеровата скала вечерва ја стресе соседната држава Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри.

По само 4 минути од првиот, во Грција стресе уште еден земјотрес со јачина од 2.5 степени.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.