Два саудиски танкера сериозно оштетени во водите на ОАЕ

Два саудиски нафтени танкера се значително оштетени во „саботажата“ во водите недалеку од брегот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави во понеделникот саудискиот министер за енергетика, Калид ал-Фалих.

Двата танкера биле на пат за пристаништето Рас Танура во Персискиот залив, каде што требало да бидат натоварени со нафта во неделата утрото, кога биле нападнат недалеку од брегот на емиратот Фуџајра, рече министерот на Саудиска Арабија во соопштение кое го пренесе официјалната саудиска новинска агенција.

Нафтата требало да им биде испорачана на американските купци на компанијата „Saudi Aramco“ истакна Калид ал-Фалих, додавајќи дека во нападот немало повредени или истакување на нафта. Министерот нагласува дека нападот имал цел да ја поткопа сигурноста на нафтените испораки на купците во светот, се додава во соопштението. Министерот, меѓутоа, не наведува на кој начин е извршена саботажата или кој е осомничен или одговорен за неа.

Во неделата саудиското министерство за надворешни работи соопшти дека четири комерцијални бродови кои пловеле под знамиња на различни земји биле цел во инцидент недалеку од емиратот Фуџајра, како и дека го истражуваат меѓународни агенции.

Иранското министерство за надворешни работи оцени дека станува збор за „загрижувачки и страшен“ инцидент, и повика на итно спроведување истрага.

Инцидентот се случи во екот на зголемените тензии меѓу САД и Иран. Вашингтон во водите на Блискиот исток го распореди воениот брод „USS Arlington“ со противоздушниот ракетен систем „Patriot“ на Блискиот исток. Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигнаа и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот, кога на меѓународноте пазари скокна на речиси 71 долар за барел.

Емиратите, исто така, истакна дека по инцидентот ситуацијата во Фуџајра е нормална. Емиратот Фуџајра, еден од седумте емирати на ОАЕ, е најголемиот светски јазол за нафта, во регионот на Ормускиот теснец, кој е клучниот премин за светското поморско тргување со нафта. Сунитската монархија Саудиска Арабија е регионален сојузник на Обединетите Арапски Емирати, и ги поддржуваат американските санкции за регионалниот ривал шиитскиот Иран.

„Меѓународната заедница има заедничка обврска да ја штити безбедноста на поморските рути и безбедноста на нафтените танкери, за да се ублажат негативните ефекти на пазарите на фосилните горива и да ја отстрани опасноста за светската економија“, рече ал-Фалих.

Портпаролот на иранскиот министер за надвоешни работо, кого го цитираа иранските државни медиуми, рече дека во инцидентот имал „негативно влијание врз безбедноста на поморскиот транспорт“ и ги повика соседните земји на „претпазливост против дестабилизирачките заговори на странски агенти“.

Американската администрација порача дека не може да ги потврди нападите, и повика на претпазливост. „Точниот начин на нападот или саботажата е непознат“, се наведува во соопштението. Администрацијата во Вашингтон на почетокот од мај повика на внимателноста за пловилата кои патуваат во водите на Блискиот исток, наведувајќи дека би биле цел на иранскиот напад против американските воени сили и интереси во регион. Американскиот претседател Доналд Трамп наметна на Иран нови санкции месецов, апирајќи и извоз на нафта за одредени земји, велејќи притоа дека сака иранскиот извоз на нафта биде целосно запрен. Техеран од своја страна порача дека нема да го дозволи таквиот потег.