Во текот на вчерашниот ден, во два одделни случаи, две лица починаа на работното место. Момче го загуби животот во „Бунарџик“, а маж почина од струен удар.
Како што информира МВР, првиот од двата несреќни случаи, 26-годишно момче го загуби животот вчера околу 11,00 часот во кругот на индустриската зона „Бунарџик“ во фабриката за производство на кондензатори „Кемет Електроник Македонија“.
При обид да се отстрани дефект од работна машина истата паднала врз Даниел Т.(26) од Скопје кој починал на лице место.
Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Маж почина од струен удар
МВР извести за уште еден несреќен случај во текот на вчерашниот ден кога маж го загуби животот на работното место.
Вчера околу 13,30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ Сашо С.(44) од Скопје заедно со уште две лица вработени во фирмата АДЦ –Дооел при поставување на ново мерно разводно орманче истиот починал од струен удар.
Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.