Два тони марихуана украдени од склад во Јосифово

Камион натоварен со околу два тона цвет од марихуана, украден е околу 3 часот по полноќ, од склад на фирмата Ghio шпедиција, лоцирана во село Јосифово.
Оваа информација ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално, постојат шпекулации дека зад грабежот стојат блиски роднини на функционери од врвот на власта во Македонија, а украдениот камион со марихуаната сега веќе се наоѓа во Србија.

„Околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во село Јосифово. СВР Струмица презема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на пријавеиот настан“, соопштија од МВР.