Два земјотресa ја погодија Босна и Херцеговина

Два земјотресa рано утрото во неделата ја погодија Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на неодамншениот потрес, кој пред неколку дена ги преплаши жителите на оваа земја.

Првиот потрес е регистриран  во 4 часот утрово со интензитет од 4,1 степени по рихтер на длабочина од два километра. Епицентарот му бил на пет километри од Невесиње, 67 километри од Дубровник и 71 километар од Сараево.

Другиот земјотрес бил послаб со интензитет од 2,9 степени по Рихтер со епицентар на 18 километри од Невесиња, 56 километри од Сараево. Двата потреси се почувстувани во Далмација.

Земјотрес синоќа ја погоди и Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихтер. Епицентарот на потресот беше на 39 километри северозападно од Тирана на длабочина од 10 километри.

Потресот беше почувствуван и во нашата земја, но со послаб интензитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.