Најмалку 20 полицајци загинаа, а 10 се повредени во напад на талибански бунтовници на контролен пункт во авганистанската провинција Хелманд.
Според шефот на здружената провинциска полиција и воените операции, Мохамад Исмаил Хотак, нападот врз контролниот пункт е извршен синоќа во дистриктот Муса Кала, кој е упориште на талибанците, прнесува МИА.
Во минатонеделниот напад извршен во дистриктот Нах Зад се убиени најмалку 19 авганистански полицајци.