Дваесет години од малото сино апче кое предизвика уште една сексуална револуција

Малото сино апче наречено Вијагра пред дваесет години поттикна културална промена во Америка, повторно овозможувајќи им сексуални односи на милиони возрасни мажи и некогаш табу-темата за импотенцијата ја претвори во секојдневни разговори.

И додека Вијаграта ги унапреди сексуалните животи на многу двојки, жените и натаму главно се препуштени на самите себеси, кога станува збор за појавата на сексуалната дисфункција и губењето на либидито со текот на времето. Тое се’ уште го очекуваат својот волшебен лек, велат стручњаците.

Околи 65 милиони рецепти се издадени ширум светот откако на 27-ми март 1998 година Американската администрација за храна и лекови (FDA) на компанијата „Pfizer“ ѝ го одобри лекот кој набрзо ќе стане вистински „блокбастер“. Тоа беше првото апче коешто на мажите требаше да им помогне да постигнат ерекција.

Речиси преку ноќ приказните за чудесниот лек кој може повторно да ги „дигне“ свенатите пениси се појавија во сите магазини и телевизиски програми. Појавата на Вијаграта се совпадна и со развојот на интернетот и експлозијата на „онлајн“ порнографијата.

Лекот се промовираше како спас за „машката импотенција“ и „еректалната дисфункција, медицински проблем кој конечно стана решлив. Првиот телевизиски портпарол на Вијаграта стана републиканскиот сенатор, воен ветеран и поранешен претседателски кандидат Боб Дол кој јавно ги призна своите „машки“ проблеми“.

„Непријатно е да се зборува за еректалната дисфункција, но тоа е важно бидејќи може да им помогне на милиони мажи и на нивните партнерки“, рече тогаш Дол.

Стратегијата успеа. Зашто и пред Вијаграта сакаа да зборуват за своите еректилни проблеми, и зборуваа, но тие разговори беа чудни и тешки, се присетува Елизабет Кавалер, уролог во њујоршката болница Ленокс Хил. „Денес сексот стана очекуван дел од нашите животи и кога старееме. И сигурна сум дека Вијаграта во тоа имаше голема улога“, додава.

Шефот на оделот за урологија при во универзитетската болница Стејт Ајленд, Начам Катловиц, истакнува уште една социјална улога на Вијаграта. „Бевме многу пуританско општество и мислам дека Вијаграта во таа смисла не’ опушти“, вели лекарот.

Вијаграта, односно силденафил-цитрат, прво е развивана како лек за висок крвен притисок и ангина пекторис. Меѓутоа, во текот на клиничките испитувања утврдено е дека главен ефект ѝ е подобрата ерекција којашто се постигнува со подобар доток на крвта до машкиот полов орган. Но и покрај нејзината популарност, за Вијаграта и натаму има погрешни мислења.

„Тоа не е афродизијак… Многу мажи доаѓаат и кажуват дека сопругата не им е особено заинтересиран за секс. А јас им одговарам дека Вијаграта тоа нема да го промени“, вели урологот Луис Кавуси од њујоршката болница Нортвел.

Жените, меѓутоа, главно се изоставени од оваа медицинска сексуална револуција.

Пред три години американската FDA го одобри апчето наречено Еди (Addyi – флибансерин), наречено „женска Вијагра“ коешто е рекламирано како прв лек кој го јакне либидиото кај жените коишто ги загубиле интересот за секс.

Но ова апче е контроверзно од самиот почеток. Бидејќи беше и своевиден антидепресив, жените се предупредени да не го замаат апчето со алкохол. Несаканите појави, како мачнина и повраќање, биле силни. „Немаше некој особен успех со тоа“, вели Катловиц.

Главниот проблем на повозрасните жени, кога станува збор за сексот, е сувоста на вагината која доаѓа со менопаузата и сексуалниот однос го прави болен. Решенијата вклучуваат хормонска терапија или ласерски третмани за ревалитизација на вагината. Овие методи допрва добиваат на популарноста, но уште чинат од неколку стотици до неколку илјади долари, додала Кавалер. „Ние сме 20 години зад мажите“, нагласува.

Катловиц, исто така, смета дека Вијаграта е првокласен пример на „алчност на фармацевтската индустрија“.

Вијаграта чинеше 15 долари по апче кога се појави на пазарот, но подоцна нејзината цена скокна до 50 долари. Минатата година конечсно стана генерички лек и сега чини помалку од долар.

„Немаше апсолутно никакви причини апчето да се наплаќа по 50 долари. Ја наплаќаа само затоа што можеа“, заклучува Катловиц.