Дваесет и пет повредени во земјотрес со магнитуда 5,5 на Филипини

Дваесет и пет лица се повтредени во земјотресот со магнитуда од 5,5 според Рихтере кој го погоди северниот дел од островот Минданао на југот на Филипини, рано утрото во сабоата и оштетил повеќе куќи, згради и други објектите, соопштија властите.

Филипинскиот институт за вукланологија и сеизмологија рече дека потресот, чијашто моќност Американскиот геолошки институт (UGSS) првично го процени со магнитуда 5,8, е регистрриан во 4,42 часот утрото по локално време, како и дека неговиот епицентар бил во градот Караскалу во покраината Суригао Дел Сур. Центарот предупредување со седиште на Хаваи, веднаш по потресот не издаде предупредување за можна опасност од цунами.

Филиписнките власти соопштија дека 25 луѓе се здобиле со полесни повреди, и оти се примени во болницата во градот Мадрид. Претходно беше соопштено дека 51 човек побарал лекарска интервенција.

Треперењето на почвата предизвикало на пропаѓање на таван на една црква, и полесно оштетил неколку куќи, владини згради и јавен пазар. Пукнатини, исто така, се појавиле и на мост, но тој е прооден.

Филипини се често погодувани од природни катастрофи, како последица на неговата локација на сеизмички активниот Пацифички игнен прстен. Земјата во просек годишно ја погодуваат и 20 тајфуни кои носат големи дождови кои создаватаа смртоносни поплави и свлечишта на земјата.