Дваесет и седумгодишна девојка киднапирана во штипско

Дваесет и седумгодишната А.М. од село Калузлија била киднапирана од страна на две лица кај местото викано Џумајлија.

Лицата дошле на горенаведеното место, а едниот ја фатил оштетената во пределот на рацете, почнал да ја влече, велејќи и дека ќе ја земе со него за да му биде сопруга при што истата давала отпор. Другото лице ја внесло во автомобилот со непознати таблички и истите се одалечиле во непознат правец. Случајот е пријавен од А.М.(27) од О.Карбинци, која била заедно со оштетената во моментот кога лицата противправно ја лишиле од слобода.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на А.М..