Дваесет и шест деца загинаа во пожар во училиште во Либерија

Голем пожар избувнал во муслиманско духовно училиште во Либерија, при што загинале 28 лица, 26 ученици и двајца предавачи, соопшти претставникот на либерискиот претседател Соло Келгбех, пренесе во средата агенцијата AFP.

„Сѐ уште не ја знаеме причината за пожарот, но ќе биде спрведена неопходната истрага“, изјави либерискиот претседател Џорџ Веа во текот на неговата посета на местото на трагедијата во предградие на главниот град Монровија.

Британскиот јавен радио сервис BBC, пак, пренесува дека пожарот избувнал ноќта кон средата по локално време во просториите во кои биле сместени учениците, прудружен до џамијата. Според овие инфроамции, само двајца ученика и еден предавач успеале да се спаст. Возраста на учениците во оваа верска установи се движела од 10 до 20 години.

Според BBC сѐ уште е рано да се зборува за конечниот број на загинатите, бидејќи продолжува потрагата и расчистувањето на остатоците од опожарениот објект.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.