Дваесет земји ветија оружје за Украина, изјави американскиот министер за одбрана

Дваесет земји ветија дека ќе и достават оружје на Украина за да и помогнат да се спротивстави на руските сили, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на прес-конференција во Пентагон.

-Денешната средба помина многу добро, изјави тој.

-Многу земји ќе обезбедат артилериска муниција, системи за крајбрежна стража, тенкови и други оклопни возила што се потребни на армијата на Киев, додаде тој по состанокот на контакт групата за Украина.

Остин изрази посебна благодарност до Данска, која ќе обезбеди ракети Харпун за заштита на брегот на Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.