Дваесеттина украински падобранци им се предале на силите на Доњецк

Само во текот на изминатото деноноќие 20 припадници на 95-та воздушно-десантна јуришна бригада на вооружените сили на Украина им се предале на силите на самопрогласената проруска Доњецка Народна Република, сооштија тамошните милиции во четвртокот, а Москва истовремено предупредува на нови можни провокации од страна на Киев.

„Дваесет војници од 95-та воздушно-десантна бригада доброволно го положија оружјето, со што ги спасија сопствените животи“, сооштија на Telegram каналот проруските сили од Дољецк.

Се додава дека претходно сепаратистички борци од Доњецк во содејство со руските единици неаутрализирале групација од повеќе од 30 украински војници, уништувајќи притоа еден тенк, две пешадиски борбени возила и осум оклопни јуришни возила. Запленети биле и три пешадиски возила, два оклопни транспортера и еден тенк.

Истовремено во четвртокот вечерта, генерал-полковникот Михаил Мизинцев, шеф на рускиот Национален центар за управување со одбраната, предупреди дека властите во Киев подготвуваат провокација со употреба на ткн „талкачки минофрлачи“ во Сумската област.

„Во Середине-Буде во Сумската облас, киевскиот режим подготвува уште една софистицирана провокација со примена на таканаречените талкачки минифрлачи. Милитантите од националистичките баталјони планираат да ја гранатираат граничната територија на Русија од области на приватни цивилни домаќинствоа со цел да се возврати оган врз станбени згради со локални жители кои ги држат во заложништво таму“, рече генералот Мизинцев.

Според него, украинската страна таквата провокација да ја рашири преку западните медиуми и социјалните мрежи со цел да ги обвини руските сили за неселективни напади врз цивили.

Додаде дека со ваквите „злосторства и провокации од страна на режимот во Киев, уште еднаш го покажува нечовекиот однос на украинските власти кон судбината на своите граѓани“.