Двајца американски граѓани се меѓу жртвите на нападот во Кабул

Двајца американски граѓани се меѓу жртвите на нападот во познатиот ресторан во главниот град на Авганистан, соопшти амбасадата на САД во Кабул, пренесе „АФП“.

„Американската амбасада потврди дека двајца американски државјани се меѓу жртвите на терористичкиот напад, извршена минатата ноќ во Кабул“, соопшти амбасадата.

Во нападот загинаа вкупно 21 лице, од кои 13 се странски државјани.