Двајца Грци починале од вирусот Западен Нил

Две лица на возраст од над 80 години починаа во Грција од почетокот на летово, додека 55 се заразени од вирусот Западен Нил, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Од лицата кај кои се појавиле симптомите на западнонилската треска, 12 се хоспитализирани.

Министерството за здравство на Грција објави информации за граѓаните за превенција и заштита од вирусот, кој во Грција се појавува од крајот на мај- почетокот на јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.