Двајца хулигани кои кршеа на протестите ќе седнат на обвинителна клупа

Демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов
Демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов

Двајца хулигани кои кршеа на протестите ќе седнат на обвинителна клупа. Демонстрантите кои се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело, денеска ќе седнат на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Демонстрантите беа уапсени на 14-ти април поради основи на сомневање дека за време на одржување на ненајавен протестен собир, на кој присуствувале околу 2.000 граѓани, учествувале во толпа, при што фрлале тврди предмети, го кршеле инвентарот и извршиле други оштетувања на надворешноста и на внатрешниот дел на објектот на Народната канцеларија на Претседателот на РМ, предизвикувајќи значителна материјална штета.

На осомничените Н. А. (30) и Ф. Н. (30) најпрво им беше определен куќен притвор во траење од осум дена, кој им беше продолжен за нови 30 дена.

Во врска со настанот запознаен е јавен обвинител и по прегледувањето на видеозаписи, од страна на јавниот обвинител и полициски службеници од Единицата за насилен криминал, е констатирано дека Н. А. и Ф. Н. активно учествувале во група што врши оштетување на Народната канцеларија на Претседателот на РМ, изнесување на инвентар од истата и опожарување на инвентарот на коловозот, стоеше во полицискиот извештај.

Покрај лицата кои добија кривични пријави, против 11 демонстранти беа поднесени прекршочни пријави.

Колкави се казните за вандалите кои уништуваат во Европа и светот?

Порталот „Курир“ направи една анализа за тоа колкави се казните за вандалите и хулиганите што уништуваат во Европа и во светот.

Во западните држави, уништувањето на туѓ имот и јавно добро е најстрого казниво, таквиот акт е окарактеризиран како вандализам. Казните за вандализам во Европа и светот се толку ригорозни што оние кои ги направиле се санкционираат веднаш и тоа со високи казни а во некои држави е предвидено и одлежување на затворска казна.

skvernavenje-lav-spomenik3

Вандализмот во Европа и светот во никој случај не се толерира, а оние кои го извршиле се најстрого осудени, не само институционално туку и самото општество ги осудува извршителите.

Изминативе недели македонските граѓани беа сведоци на до сега во Македонија невидени акти на вандализам и сквернавење на културни споменици и државни институции.

porta-2-1-768x512 (1)

Испишувањето графити на јавни објекти не е дозволено и претставува казниво дело. Според Законот за прекршување на јавниот ред и мир, лицето кое е затекнато да пишува или да црта графити може да заработи казна од 100 до 400 евра. Дополнителни и посторги се казните за уништување споменици и културно наследство. Според Кривичниот законик на Република Македонија заоштетување на културно наследство е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Уништена фасадата на Министерството за култура, објект кој е културно наследство на Р.М.

Имајќи ги во предвид казните во Република Македонија, во продолжение може да ги прочитате казните за вандализам, односно уништување на туѓ имот и јавно добро во Европа и светот.

Во Шпанија во зависност од тоа колку штета ќе биде направена, сторителите можат да бидат казнети со парична казна од 750 до 1.500 евра. Ако штетата е направена врз објекти кои се дефинираат како “споменици или се заштитени објекти”, паричните казни можат да се удвојат, односно да бидат и во висина од 1.500-3.000 евра.

Во Германија паричните казни можат да бидат и во висина до 7.000 евра. Казните се пропишуваат според извештајот и записникот на полицијата и се зголемуваат односно зависат од степенот на големината на штетата. Така на пример почнуваат од неколку стотици евра за помала штета предизвикана со користење на спреј во боја, но може да достигнат висина до 7.000 евра доколку се работи за големо оштетување на културни објекти.

Во Велика Британија вандализмот се смета за криминал на животната средина и се казнува според Законот за анти-општествено однесување. Така на пример во Лондон има фиксна казна за графити која изнесува 75 фунти. Доколку се предизвика сериозна штета на имот, сторителите можат да бидат и кривично гонети според Законот за кривична штета, според кој казните се пропорционални на штетата (достигнуваат висина и до 5.000 фунти), и се соочуваат со можност од пресудување на казна затвор во траење до 6 месеци.

Според легислативата на Црна Гора лицата кои уништиле или оштетиле културно наследство или споменик се предвидува затворска казна од 6 месеци до 5 години.

Според легислативата на Литванија лицето кое предизвикало и направило штета треба да ги компезира загубите создадени со актот на вандализмот.

Во Јужна Каролина казните за уништување на имот се движат од една до 10 години во затвор во зависност од штетата. За вандализам со нелегални графити што подразбира пишување, боење, обележување со боја на згради, статуи, споменици или друг приватен или јавен имот казните се од 90 дена до 3 години во затвор како и парична казна од 1.000 до 3.000 долари.

Во Калифорнија казните за вандализам, во монетарн вредност се движат од 1000 до 50.000 долари во зависност од видот на штетата. Доколку има штета од 10.000 долари се изрекува казна од 50.000 долари и до 1 година затворска казна (што значи 5 пати повеќе од вредноста на штетата).  Казните за нелегални графити изнесуваат до 3.000 долари и до 1 година казна затвор.

Во Аризона вандализмот е дефиниран во Казнетиот законик 594 и според истиот казнатаа зависи од направената штета, односно ако штетата е под 400 долари тогаш казната е до една година затвор и парично до 1.000 долари, а ако штетата е над 400 долари тогаш казната е до една година затвор и парично 10.000 долари.

Во Сиднеј, Австралија графитите се казнуваат со 2.500 австралиски долари и една година затвор доколку се утврди дека со истите се предизвикува значителен степен на штета. Казните се помалку сериозните кривични дела се движат до 100 часа општокорисна работа за малолетните лица, а до 300 часа општокорисна работа за возрасните лица.

Во Сингапур лицето кое ќе се обиде да изврши или ќе изврши акт на вандализам може да биде казнето со затворска казна до 3 години, а исто така може да биде казнето и со камшикување.

Во Индија е зголемена казна од 75 до 1.500 долари за уништување, промена или злоупотреба на заштитен споменик. Во Индија дури и градежната активност во регулираната област без претходна дозвола од надлежниот орган се казнува со две години затворска казна и парична казна од 1.500 долари.