Двајца македонски државјани уапсени во Украина во шверц на 600 килограми хероин

Украинската полиција соопшти дека во две одделни акции заплениле рекордни 600 килограми хероин, за кој се проценува дека вредноста на црниот пазар би достигнала 50 милиони долари.

Шефот на украинската полицијата Сергиј Књазев соопшти дека операциите биле спроведени на северот и западот од земјата, каде била запленета рекордна количина дрога.

Никогаш не сум видел толку многу хероин запленет од украинската полиција“, напиша тој во пост на Фејсбук, заедно со сликите од сцената.

Тој нагласи дека 500 килограми се запленети на едно место, а уште 100 на друго. Исто така запленети се и луксузни автомобили. Операцијата заврши со апсење на четири лица, еден од Молдавија, еден од Турција и двајца државјани на Македонија.