Двајца мртви во нападот на кралскиот дворец во Саудиска Арабија

© AFP 2017 / Stringer

Офицер и војник од обезбедувањето на кралското семејство се убиени , а уште три лица се ранети соопшти Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија во неделата потврдувајќи дека е извршен напад врз кралскиот дворец Дар ал-Салам во Џеда.

Според соопштението на саудиското министерство за внатрешни работи, вооружен маж изминатата ноќ околу 3,25 часот пристигнал со автомобил на пункт на обезбедувањето на западната порта од палатата, излегол од возилото и започнал да пука врз припадниците на кралската гарда.

„Брзо реагирајќи на ситуацијата, гардистите возвратија со оган на нападот“, се наведува во соопштението коешто го цитира службената новинска агенција STA. Во соопштението се додава дека загинале наредник и војник, а уште три лица биле ранети.

Напаѓачот е идентификуван како 28-годишниот државјанин на монархијата Масуд бин Хасан ал-Амери, пишуваат медиумите. Меѓутоа, во извештајот на агенцијата SPA неговиот идентитет е наведен како Али ал-Фахид ал-Амири. Заедничко во медиумските извештаи е дека тој бил вооружен со автоматска пушка „калашников“, а во неговиот автомобил бил пронајдени уште три „молотови коктела“. Агенцијата додава дека е отворена сеопфатна истрага за нападот, а оти мотивот на напаѓачот засега не е познат.

Информацијата за нападот на дворецот, во кој се наоѓаат кралскиот кабинет и се одржуваат министерските состаноци, претходно ја објави арапското издание Rai Al Youm.