Двајца обвинети за 27 април излегуваат од притвор

Две лица кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи поунудиле гаранција.

Постапувајќи по предлог на одбраната за укинување на мерката притвор за Захарие Симовски, Оливер Поповски и  Горан Ѓошевски, обвинети за настаните од 27 април минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 донел одлука за укинување на мерката притвор на двајца од нив.

Имено, советот донел решенија со кои поранешниот шеф на собраниското обезбедување, Горан Ѓошевски и екс началникот на МВР, Оливер Поповски, обвинети за крвавиот четврток во Собранието излегуваат од притвор со гаранција. се определува мерка за обезбедување присуство – гаранција. Со тоа, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување на присуство во текот на постапката ќе им се определуваат мерки за претпазливост.

За третиот обвинет, Захарие Симовски, бил прифатен предлогот за укинување на мерката притвор и се определува мерка куќен притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.