Двајца Палестинци убиени во Газа

Здравствените претставници во Газа објавија дека двајца Палестинци загинале, а десетици беа повредени за време на вчерашните протести на границата со Израел.

Израелската армија соопшти дека отворила оган откако Палестинците ја оштетиле граничната ограда.

Според Министерството за здравство во Газа, убиено е 14-годишно момче, кое било погодено со куршум во главата. Како што додале, 43-годишниот Гази Абу Мустафа исто така бил убиен, пренесе АП.

Министерството, исто така, наведува дека повеќе од 80 Палестинци биле ранети кога Израелците отвориле оган.

Повеќе од 140 Палестинци беа убиени од април годинава почетокот на протестите во Газа против Израел предводени од Хамас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.