Двајца пешаци тешко повредени во Битола

Двајца возрасни пешаци во петокот вечерта се тешко повредени во Битола, откако во нив удрил автомобил и се задржани на понатамошно лекување во Клиничка болница Битола,

 

На 16.11.2018 година околу 20:50 часот во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“  Н П.(35) од село Новаци управувајќи  патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.М. и К.М.