Двајца пилоти загинаа при пад на украински воен авион

Двајца пилоти загинаа при пад на украински воен авион „Су-27“, соопшти Генералштабот на украинската војска.

– Пронајдени се телатата на двајцата пилоти. Едниот е припадник на Военото воздухопловство на Оружените сили на Украина, а другиот е припадник на Националната гарда на Военото воздухопловство на САД, се наведува во соопштението.

Несреќата се случила за време на меѓународната воена вежба „Чисто небо 2018“. Авионот се срушил недалеку од селото Уланив во покраината Виниција во Украина.

Причината за несреќата не е позната.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.