Двајца повредени во сообраќајка во Ѓорче Петров

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, која утрово околу 7:40 часот се случила на улицата 4-ти Јули, во близина на пазарот, во населбата Ѓорче Петров.

Двата автомобили, „голф“ и „опел корса“ се со скопски регистарски таблици. Повредените се пренесени во Градската болница и Ургентниот центар.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.