Двајца скијачи загинаа во лавина во Италија

Двајца скијачи ги загубиле животите во снежна лавина којашто во неделата претпладнето се случила во централна Италија, пренесува агенцијата Ansa повикувајќи се на објавата на спасувачката служба.

Двете жртви биле затрупани во близина на скијачките терени Кампо Феличе, во регионот Абруцо. Кога биле пронајдени, двајцата скијачи веќе биле мртви, соопштија спасувачите. Националноста на жртвите засега не е позната.

Лавина околу 10 часот утрото се случила и на планината Лусари во Кампоросо во регионот на Удине. Снегот погодил група скијачи кој најверојатно се спуштале по падините на планината надвор од одбележаната патека.

Еден од нив бил повредени и хоспитализиран во болницата во Удина, каде е примен во сериозна состојба Според првичните информации, другите скијачи од групата биле неповредени, а локалните власти соопштија дека продолжуваат напорите за олеснување на ситуацијата.