Двајца скопјани каснати од кучиња

Двајца скопјани биле каснати од кучиња скитници, информираше МВР.

Според полицијата, А.В.(36) пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот на улицата Антон Попов бил нападнат и каснат од повеќе кучиња-скитници во пределот на десната нога и левата рака.

Околу 14.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице С.Д. кое на булеварот Трета Македонска Бригада било каснато од куче скитник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.