Двајца скопјани претепани во дискотека во Градски парк

Две момчиња измнатата ноќ биле нападнати и претепани од две лица во дискотека лоцирана во скопскиот Градски парк, инфомираше во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

На 22.08.2018 година во 10:30 часот во Полициската станица Карпош, лицата М.Н.(20) и М.С.(19) пријавиле дека биле нападнати.

Двајцата скопјани пријавиле дека истиот ден околу околу 02,15 часот во дискотека во Градски парк физички биле нападнати од лицата С.Ј. и А.Н.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.