Двајца турски министри поднесоа оставка

Турскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка по корупцискиот скандал што ја потресе владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и целата турска нација, пренесе „АФП“.

Веста за оставката на Муамер Ѓулер дојде малку откако министерот за економија Зафер Чаглајан објави дека исто така се повлекува од функцијата. Синовите на двајцата министри се меѓу над дваесетте обвинети лица во рамките на истрагата за мито во високите ешалони на власта.