Двајца уапсени во Белград поради автоматска пушка

Белградската полиција приведе двајца мажи во центарот на Белград откако еден од нив се заканувал со автоматска пушка.

Како што јавуваат српските медиуми, двајцата мажи биле во својот автомобил зад една зградба во центарот на Белград, а едниот од нив имал раскрвавена глава. Полицијата веднаш го извадило ова лице од автомобилот, додека второто останало внатре заканувајќи се со автоматска пушка.

По десетминутни преговори со него, лицето се предало по што заедно со неговиот пријател биле приведени од страна на полицијата.

Се уште не е јасно како едното лице се здобило со повреди на главата и кои се причините за интервенција на полицијата, како и тоа дали овој случај е поврзан со Геј парадата која денеска се одржува во Белград.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.