Двајца убиени во престрелка во Минхен

Двајца мажи меѓу кои, наводно, е и напаѓачот, починале во пукотници во Минхен, соопшти полицијата според која нема знаци дека станува збор за терористички чин.

Двете тела биле пронајдени на местото на инцидентот. Како што пишува порталот t-online, станува збор за престтрелка на градилиште.

Полицијата соопшти дека во моментов нема закани за населението и ги повика локалните жители да ги изменат нивните правци на движење, бидејќи некои улици во областа се блокирани.

Портпаролот на полицијата Свен Милер рекол дека во инцидентот нема повредени, „Таму повеќе нема опасност за луѓето“, додал Милер.

Малку пред девет часот во четвртокот утрото локални жители пријавувале во полицијата дека во квартот Ау се слушнале истрели од огнено оружје. Полицијата на посеочената локација испратила 30 до 40 патролни возила, а потоа меѓу два контејнера на градилиштето биле најдени телата на убиените, како и оружјето. Во првата реакција на полицијата, исто така, биле распоредени и силно вооружени специјални сили,