Двајцата убиени во Кочани веројатно биле во љубовна врска

Две безживотни тела вчера биле пронајдени во приземје од куќа во Кочани. Телата ги пронашол С.М, (28) потстанар во куќата.

Според првичните информации се работи за машко и женско лице кои се пронајдени мртви. Станува збор за машко лице со иницијали С.Г. 42- годишен од Скопје и женско лице со иницијали Ј.П., 25- годишна од Пробиштип, која исто така била потстанар во куќата.

Двете тела се најдени во лежечка состојба со прострелни рани во главата. Истрагата е во тек, а телата се предадени на обдукција.

Според првичните сознанија и кажувањата на соседите се работи за љубовна врска мегу починатите.