Дванаесет дипломирани студенти ја добија наградата Инженерски прстен

Дванаесет дипломирани студенти од факултетите што негуваат инженерски дициплини во државата, денеска го добија признанието Инженерски прстен. Манифестацијата се одржува по 18-ти пат, а е во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Наградите беа доделени во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, кој воедно е и покровител на оваа манифестација.

Добитници на Инженрскиот прстен се Марија Петрова од Архитектонски факултет, универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Дејан Геговски од Градежен факултет при УКИМ, Маја Шаревска, Машински факултет при УКИМ, Моника Фиданчевска од Технолошко метарулшки факултет – УКИМ, Анита Близнаковска од Факултет за земјоделски науки и храна – УКИМ, Јована Добрева од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство -УКИМ, Елена Соколевска, од Факултет за шумарски науки при УКИМ, Ана Марија Стаменкоска од Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, УКИМ, Елена Стефова од Природно математички факултет – УКИМ, Марија Грујоска од Факултет за природни и технички науки, универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Марија Наумоска од Технички факултет, универзитет „Климент Охридски“ Битола и Методија Буцески од Факултет за електротехника и информациски технологии – УКИМ.

Претседателот Стево Пендаровски, кој денеска ја врачи наградата на добитниците, посочи оти верува дека инженерскиот прстен веќе прерасна во успешен и оригинален проект, кој ја остварува првичната цел, афирмирање на инженерските професии и нивното значење за општеството.

„Беспредметно е да се зборува што претставува инженерството за човештвото и неговото влијание во подобрување на квалитетот на нашите животи, заменување на сегашноста и обликување на иднината, затоа да направиме се што е можно во рамки на нашите ингеренции и да инвестираме во нашиот инженерски човечки потенцијал. Притоа секако мораме да почнеме од најмладите“, рече Пендаровск.

Според претседателот, дипломираните инженери треба да си го најдат местото во образованието, во институциите, во стопанските субјекти, и таму да го искористат своето знаење и талент, за на тој начин да придонесат за развојот на заедницата.

Претседателката на Инженерската институција на Македонија, Кристина Спасевска во своето обраќање денеска пред доделувањето на наградите им честита на добитниците и на нивните најблиски.

„Изборот на вашите факултети зборува за факултетот на дипломата со која што се стекнавте, и длабоко сум уверена дека многу брзо ќе може да ја валолизирате со започнување на успешна кариера, им порача Спасевска на добитниците на наградата’, рече Спасевска.

Посочи дека Инженерскиот прстен е составен дел од ова признание и содржи круна од дабови лисја во која што се вградени знаците на инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и и овластени инженери.

„Тоа е осумкрака ѕвезда што го претставува знаењето и синергијата на сите инженерски дициплини, дабовите лисја во македонската традиција се симбол на чест и достоинство на носителот. Од почеток како место за доделување на признанието и избран Плаушник, со симболика постојано со најдобрите да се враќаме на Св. Климентовиот храм на лулката на сесловенската писменост и култура, но во услови на пандемија, манифестацијата и оваа година се одржува во Кабинетот на претстедателот“ додаде Спасевска.

Како што потенцираше, секогаш со доделувањето на ова признание на најдобрите инженери го потврдуваат нивниот успех и големите заложби во текот на студирањето да бидат први, на факултетот што го избрале, но притоа Спасевска ја истакна и улогата што ја имале и ја имаат нивните професори, бидејќи како што рече, нивниот ангажман овозможува кај студентите од најрана взраст да се развие љубов кон инженерството.

Претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Кристинка Радевски во своето обраќање посочи дека ова највиско признание е потврда за воспитување на овие студенти, ова награда е признание за нивниот вложен труд, за нивните квалитети, за визијата и нивните соништа, за перспективите и идните патишта.

„Во фокусот на моето работење следниве четири години ќе бидат младите. Посебно ме радува фактот што во новиот состав на Собранието на Комората како највисок орган има толку многу млаид колеги, тие се движечка сила во развојот на професијата. Нивната млада енергија внесува динамика меѓу сите инженери со сите бои на миленуимските трендови во светот. Напредокот на технологиите се случува со брзина на светлината, воведување на новитети е во сонова на инженерскиот дух, а воведување на иновации во работата, користејќи ги сите современи технологии и алатки за работа на денешницата се одлика на младите инженерски практики“, додаде Радевски.