Дванаесет лица го прекршиле полицискиот час, 408 казни за неносење на маски

Во првата вечер од новото воведување на мерката полицискиот час, кој трае во периодот од 22 навечер до 5 часот наутро, истиот го прекршиле 12 лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изинатата ноќ дел од раководството на министерството, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на забраната за движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови.

Од МВР информираат и дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.