Дванаесет минути шоу на Меси за враќање на Барса на врвот

Фудбалерите на Барселона се вратија на врвот од табелата на шпанското фудбалско првентво откако во саботата во рамките од 9-то коло дома ја совладаа Севилја со 4:2 (2:0), а мечот го одбележа повредата на Лионел Меси кој мораше поради тоа да го напушти теренот.

Расположениот Меси многу брзо ги демотивираше гостите прво кога во 2-та минута му асистираше на Филипе Коутињо за убав погодок, а потоа и во 12 минута кога на додавање од Бразилецот аргентинскиот ас во свој стил го удвои водството на Каталонците. На 3:0 зголеми Луис Суарез од пенал кој самиот го избори. Во меѓувреме и голманот на Барса, Тер Штеген во два наврата со двојни интервенции во изгледни шанси ги потопи надежите на гостите, но во 79 минута Пике со глава го измами за намалување на водството а потоа капитулираш пред Муриел кога дуелот веќе беше решен во првата минута од судиското продолжение. Претходно во 88 минута Иван Ракитиќ од петнаесетина метри дочека одбиена топка којашто ја смести во противничката мрежа.

Победата на Барселона по неколкуте неуспеси во домашното првенство ја помати повредата на Меси, кој ко средината на првото полувреме мораше да биде заменет, откако по еден дуел го повреди лактот. Засега не е познато дали Агентинецот ќе може да настапи на двата следни тешки натпревари за Барса, во среда против Интер во Лигата на шампионите, и во недела во големото дерби со Реал Мадрид.

Барселона е водечка со 18 бодови, еден повеќе од вториот Алавес, а два повеќе од третата Севилја и четвртиот Атлетико Мадрид кој претходно во саботата на гостувањето кај Вилјареал одигра 1:1. Атлетико поведе со голот на Филипе Луис во 51 минута, а израмни Марио Гаспар во 65 минута. Вилјареал, пак, е на 16-то место со 9 бодови.

Претходно во саботата фудбалерите на актуелниот европски шампион Реал Мадид го доживеаја и четвртиот пораз во последните пет натпревари, откако на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ беа поразени од 1:2, а притоа овој тим на „Кралскиот клуб“ влезе во историјата како најнеефикасниот бидејќи дури цели осум часови игра не постигна погодок.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ започна шокантно за домашните, бидејќи Леванте по само 13 минути игра веќе имаше водство од 2:0. Стрелци беа Хозе Луис Моралес Ногалес во 6 и Рожер Марти во 13 минута од пенал, а погодоците беа постигнати благодарејќи на кардиналните грешки на реаловиот бек Варан.

Лопетеги во второто полуврме во игра го внесе Герет Бејл и Карим Бензема, но голманот на Леванте, Ojeр Олазабал, правеше чуда. Сепак, во 72 минута го совлада Марсело Виеира, и тоа со неговата послаба десна нога, па Реал намали. До крајот траеше вистинска опсада на голот на гостите од Валенсија, но Реал не успеа да го постигне и вториот гол и да спаси барем бод.

Во недела се среќаваат Рајо Валјекано – Хетафе, Еибар – Атлетик Билбао, Хуеска – Еспањол, Реал Бетис – Вајадолид, а во понеделник Реал Сосиедад – Жирона. Во четвртој Рајо и Атлетик ќе го одиграат одложениот меч од третото коло.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.