Дванаесет мртви на Карибите во ураганот Ирма, Флорида го очекува најлошото

196

Две лица загинале во четвртокот во Порторико со што бројот на жртвите од ураганот Ирма на карипските острови се искачи на 12, додека ураганот од највисоката категорија 5 ѝ се приближува на Куба и шири страв на Флорида.

На Куба, каде што ураганот се очекува во петокот вечерта, 10.000 туристи добиле наредба да ги напуштат хотелите или домовите на најизложените брегови, а во земјата е прогласено максималното ниво на тревога.

Ураганот Ирам потоа би требало да се качува кон југоисточниот брег на САД, зафаќајќи ја прво Флорида а потоа и Џорџија и Јужна Каролина, според предвидувањето на американскиот центар за урагани., кој предвидува плими од осум метри над нормалата, како и „опасност од смртоносни поплави“ во текот на следните 36 часа.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази од Вашингтон во четвртокот „голема загриженост“ во врска со штетите коишто би можеле да бидат предизвикани.

Ураганот ќе „биде доста разорен“ кога ќе стаса на бреговите на Флорида, предупреди во четвртокот Брок Лонг, шефот на американската агенција за итни ситуации во изјавата за телевизијата CNN.

Наредби за задолжителна евакуација веќе се издадени за крајбрежните зони на Флорида, како и за сојузната држава Џорџија, а се однесуваат на речиси милиони луѓе.

„Им укажуваме на сите: напуштете го Мајами Бич. Никогаш не мислев дека тоа ќе мора да го кажам, но денес го велам тоа“, додаде градоначалникот на Мајами Бич,, Филип Левин во изјавата за телевизијата Fox News.

Пред потврдата на двата нови смртни случаи на Порторико, преброени беа четири жртви на Американските Девствени острови, што се придодаде на бројката од шест загинати на француско-холандскиот остров Свети Мартин и на Барбуда.

Во Порторико повеќе од половината од три милиона жители во моментов се без снабдување со електрична енергија, а отворени се засолништа кои може да примат до 62.000 луѓе.

Ураганот Ирама не усмрти никого на Хаити но предизвика голем пораст на водите на североистокот од островот, каде што силниот ветер однел покриви на куќи, според службата за цивилна заштита која регистрирала најмалку двајца повредени.

Со приближување на ураганот Доминиканската Република во четвртокот ноќта, исто така, доживеа ветар со брзина од 285 километри на час и силен дожд кој натерал на евакуација 19.000 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.