Дванаесетгодишник тешко повреден по пад од автобус

Дванаесетгодишно момче од село Амзабегово е тешко повредено по пад од автобус во средата утрото  светиниколското село Амзабегово, при влез во автобус.

Автобусот бил застанат за прием на патници ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била се уште отворена и момчето паднало и се здобило со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено во болницата во Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.