Две јахти се судрија во близина на грчкиот остров Егина

17

Туристка од Велика Британија е повредена и пренесена во болница откако се судрија две јахти во близина на пристаништето на грчкиот остров Егина, објавија грчките медиуми.

Несреќата се случила од засега непознати причини, а на едната јахта-едрилица имало осум романски туристи, кои поминале без повреди, додека, пак, на втората, од типот Катамаран, била двојка од Велика Британија, јави дописничката на МИА од Атина.

Повредената Британка била пренесена во болницата на островот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.