Две апсења во Битола поради закани со оружје

Битолската полиција привела во саботата две лица, поради агресувно однесување и закани со оружје, соопшти Министерството за внатрешни работо.

Во саботата претпладнето околу 10 часот, полициски службеници од СВР Битола го уапсиле 34-годишниот битолчанец Н.П., затоа што со остар предмет упатувал закани кон на неговата мајка и неговиот брат.

Вечерта истиот ден, околу 19,45 часот на улицата „Кланица“ во Битола, полициски службеници до СВР Битола го привеле 31-годишниот Ј.У. од Дојран, откако кај него бил пронајден пиштол од непозната марка и една празна рамка за куршуми, а откако претходно се однесувал агресивно и им се заканувал на неговата поранешна сопруга и нејзината мајка.

И двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.