Две автомобилски компании најавија инвестиции летово – Нови 1.800 работни места

Претседателот на Владата,  Никола Груевски на синоќешната прослава по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ објави дека две големи компании од автомобилската индустрија во изминатите два дена донеле интерна одлука за инвестиција во Македонија, кои ќе ги објават ова лето.

– Драги пријатели, дозволете да споделам две убави информации вечерава со Вас, кои информации од компании со кои подолго преговараме, деновиве ми ги пренесе директорот на слободните економски зони, Виктор Мизо, а тоа е дека две глобални компании од индустијата за производство на делови за автомобилската индустрија, во изминатите неколку денови донесоа интерни одлуки за инвестирање во Македонија, и истите планираат да ги објават на крајот на ова лето, објави Груевски.

Едната со својата инвестиција ќе вработи 300 невработени лица почнувајки од јануари 2016  и ќе се стационира во Скопје.

-Втората ќе вработи околу 1500 невработени лица, најверојатно во југоисточниот дел на Македонија, која инвестицијата и работење ќе  започне во постоечки објект оваа есен, и паралелно есенва ќе ја започне градбата на нова фабрика, која целосно треба да заврши на почетокот на 2017та година.Ете тоа го работевме ние, и додека нашите опонети се обидуваа да не понижат и прикажат во најлошо светло воочите на народот, а државата да ја направат страшило за инвеститорите. Но делата, како и секогаш ќе ја победат интригата. Работата ќе ги победи неработниците. Дадениот збор се остварува, додаде Груевски и заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ стои и ќе стои зад дадените ветувања. Затоа ВМРО победува и ќе победува.