Две безживотни тела пронајдени утрово во Струмица

Две безживотни тела пронајдени утрово во Струмица.

Телото на триесет и деветгодишниот Митко А., кој неофицијално си го одзел животот, е пронајдено на улицата „Ценка Павлова“ утрово околу 7 часот.

Второто тело е пронајдено околу 4 часот на улицата „Маршал Тито“. Се работи за Стојан П. (59) кој најверојатно починал како последница на мозочен удар.

Полициски увид е извршен во двата случаи.