Две деца настрадаа во пожар кај Бачка Топола, пет деца биле во куќата кога избил огнот

Две деца загинаа во пожарот што утрово избувна во Стара Моравица кај Бачка Топола.
Како што пишуваат српските медиуми, семејството во чија куќа изби пожарот има седум деца.

Двајца од нив биле на училиште во моментот на пожарот, постарите успеале да побегнат, а двете најмали настрадале во огнената стихија.

Пожарот зафатил три соби.

Засега не се познати повеќе информации, а како што било соопштено истрагата е во тек.