Две и пол години затвор за српскиот бизнисмен Мишковиќ

Контроверзниот српски тајкун сопственик на „Делта холдинг“, Мирослав Мишковиќ, во петокот пред Советот на Специјалниот суд во Белград неправосилно е осуден на две и пол години затвор, а неговиот син Марко на една година куќен притвор поради даночни затајувања и поттикнувања на затајување на даноците.

Во повторената судска постапка, којашто од почетокот на процесот досега трае шест години, сообвинетиот со Мирослав Мишковиќ, сопственикот на корпорацијата „Нибенс“, Мило Ѓурашковиќ, осуден е неправосилно на четири години и три месеца затвор.

Судскиот совет одлуката за вината ја донел со мнозинство гласови, а читањето на пресудата траеле повеќе од час и половина, пренесуваат белградските електронски медиуми.

Покрај затворската казна, судот одредил таткото Мирослав и синот Марко Мишковиќ да платат казна од 67.500 евра. Мило Ѓурашковиќ осуден е и поради даночно затајување и поради злоупотреба на службената положба, а покрај затворската казна од четири години и три месеца, треба да плати и вкупно околу 1,2 милиони евра. Сите тројца во државниот буџет во рок од три месеца по правосилноста на пресудата на име на затаениот данок солидарно треба да уплатат околу 23,6 милиони евра отштета.

Тврдењата на Обвинителството за организиран криминал за извлекување пари од приватизирани компании за стопанистување со патиштата, кои беа и централниот дел од првичното обвинение, претходно беа отфрлени, а Мишковиќ и Ѓурашковиќ и сооработниците, апелационониот суд ги ослободи од вината.

Според известувањата од судницата во белградските медиуми, судот не го прифатил образложението на Мишковиќ, според кој данотко согласни важечките закони од периодот кој го опфаќа обвинението, не не морал да биде платен.

Таткото и синот Мишковиќ обвинението ги товари и дека прикривале финансиски трансакции при продажбата на акциите меѓу двете претпријатија во сопственост на Марко Мишковиќ, поради зголемување на капиталот на неговата компанија „Мера инвестмент“. Суд не го уважил ниту тврдењето на Мирослав Мишковиќ дека само во текот на 2010 година, што е една од клучните точки во обвинението, компанијата „Делта“ платила данок на државата кој е „сто пати поголем“ од сумата за која го товари обвинението.

Сопственикот на српскиот деловен систем „Делта холдинг“, Мирослава Мишковиќ, и еден од најбогатите луѓе во Србија, е обвинет за злоупотреба во приватизацијата, а синот Марко, сопственикот на „Нибенс групација“ Мило Ѓурашковиќ и уште осум соработници, се товарат дека претпријатијата за управување со патиштата ги оштетиле за околу 154 милиони евра, а државниот буџет за 4,3 милиони евра.

Мишковиќ на почетокот од судењето ги отфрли обвинението и возврати дека му се „суди на најголемиот стопанственик во Србија и водечкиот стопанственик во регионот“, како и на „пазарната економија и на приватното претприемништво“.

Мирослав и Марко Мишковиќ беа уапсени на 12-ти декември 2012 година. На Мирослав притворот му беше заменет со динарска кауција во вредноста од 12 милиони евра, по што му беше вратен пасошот. Синот Марко беше во домашен притвор кој му беше укинат со кауција од 3,3 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.