Две компании започнаа во Кина со тестирање вакцина против Covid-19 кај луѓе

Кинеската фармацевтска компанија „Fosun Pharma“ и германската „Biontech“ ја започнаа во Кина првата фаза од испитување на заеднички развиената вакцина врз луѓе, пренесува во средата информативниот портал PanPay.

Во испитувањата на препаратот под ознатака BNT162b1 ќе учествуваат 144 волонтери од градот Тајжоу, во источнокинеската провинција Џангсу. Во почетокот ќе бидат вакцинарини лица на возраст од 18 до 55 години, а потоа и доброволците повозрасни од 55 години. Како што пренесува порталот, веќе 72 лица биле вакцинирани.

Испитувањата се проследени со примена на плацебо, супстанција без очигледни лековити својства, која се користи за имитирање на лекот при истражувањата. Дел од волонтерите, имено како и при другите тестрирања, ќе ја примат вакцината, а другите ќе добијат плацебо.

Вкупно секој учесник во испитувањето ќе доме две инјекции по 10 мкг и 30 мкг во интервал од 21 ден. Изборот на дозата, како што се прецизира во прилогот, е направен врз основа на претходните тестови спроведени во Германија и во САД,

Гарманската компанија „Biontech“ и американската фармацевтска компанија „Pfizer“ заеднички ја развиваат вакцината која во фазата на развој ја има ознаката BNT162b2.