Две кражби во Скопје: Една тешка над 1,5 милион денари, другата над половина милион денари

Две тешки кражби во Скопје во последниве два дена, од куќа во Гази Баба украдени пари и златник, а од кафеана украден  сеф тежок над половина милион денари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера арамија провалил во домот на 35-годишниот Р.Н. на улицата Ордан Чопела во скопската населба Гази Баба. Арамијата украл денари, евра и златник, правејќи штета од 1.7 милиони денари.

Ноќта понеделникот и вторникот арамија провалил во угостителски објект ДООЕЛ „Александрија А“ лоциран на улицата Филип Втори Македонски . Арамијата го украл маталниот сеф во кој имало 767.000 денари.

Полицијата трага по арамиите кои со милиони избегале во непознат правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.