Две кривични пријави за уживатели на марихуана во Куманово

СВР Куманово во два одвоени случаи поднесе кривични пријави против двајца сограѓани кои употребувале наркотични средства.

Во првиот случај поднесена е кривична пријава против Р.М.(18) од Куманово, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Во јуни 2014 година, на паркинг просторот на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово пријавениот наведувал на уживање лице со посебни потреби од Куманово, при што му дал 0,58 грама марихуана која од страна на полициски службеници е одземена.

А, во вториот случај, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(37) од Куманово, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 26.06.2014 година, во Куманово на ул. „Прозорска“ пријавениот на лице од Куманово му овозможил да користи наркотична дрога марихуана. Од страна на полициски службеници извршен е преглед над Д.В. и другото лице, при што кај Д.В. е пронајдено пакување со 0,22 грама марихуана.