Две лица фатени со дрога, едeн од нив во полициски час

Две лица се уапсени поради тоа што кај нив била пронајдена дрога. Едниот во Куманово, другиот во Тетово.

-Вчера во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(21) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полиција.

Тетовецот, пак, е приведен завчера околу 21:30 часот, за време на полициски час. Полициски службеници од СВР тетово кај него пронашле бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодвете поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.